Свет

Франсоа Бајру е новиот премиер на Франција

Франсоа Бајру е новиот премиер на Франција

Претседателот Емануел Макрон го назначи центристичкиот лидер Франсоа Бајру за нов премиер на Франција во обид да стави крај на повеќемесечната политичка криза.

Бајру, кој е сојузник на Макрон, е градоначалник од југозападна Франција и ја предводи партијата МоДем. Задачата на претседателот е да обезбеди Бајру да остане на функцијата подолго од неговиот претходник.

Поминаа девет дена откако француските пратеници го разрешија поранешниот преговарач за Брегзит, Мишел Барние. Макрон е на половина пат од вториот претседателски мандат, а Бајру ќе биде четвртиот премиер оваа година.

Француската политика е во застој откако Макрон распиша предвремени парламентарни избори во текот на летото.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни