Свет

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Гори болница во Индија, се извлекуваат мртви!

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Гори болница во Индија, се извлекуваат мртви!

Седум пациенти биле пронајдени мртви во лифт откако голем пожар зафатил болница во Индија. Повредени се околу 30 лица.

Две жени и едно дете се меѓу жртвите во приватна четирикатна клиника во Диндигулу во индиската држава Тамил Наду.

Сите во лифтот биле пронајдени во несвест, а потоа биле прогласени за мртви, јавуваат локалните медиуми.

Не се знае дали има други жртви, јави Курир.

Во моментот кога избувнал пожарот, во болницата имало околу 100 пациенти. Се стравува дека многумина се заробени внатре.

Пожарот, за кој се претпоставува дека настанал поради краток спој на приземјето, брзо ја зафатил целата зграда.

Густиот чад кој брзо ги наполни ходниците ги попречи обидите за бегство, задушувајќи некои од пациентите внатре.

На пожарникарите им требаше повеќе од еден час да го стават пожарот под контрола. Од прозорците и вратите можеше да се забележи густ чад.

Спасувачките тимови сега ја пребаруваат зградата и го евакуираат секој што ќе го најдат.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни