Свет

Маск ја сели компанијата: „Ова беше последната капка“

Американскиот претприемач и најбогат човек на светот, Илон Маск, најави дека официјалното седиште на неговата компанија за истражување на вселената „SpaceX“ во иднина ќе биде во градот Старбејс во Тексас.

Во јули милијардерот најави дека ќе го пресели седиштето на компанијата „SpaceX“ од Калифорнија во Тексас, велејќи дека законот за родовиот идентитет во Калифорнија е „последната капка“ при донесувањето на одлуката за преселба.

Почнувајќи од 1 јануари 2025 година, на училишните области во Калифорнија ќе им биде забрането да бараат од училишниот персонал да им ја открива сексуалната ориентација или родовиот идентитет на ученикот на други – вклучително и нивните родители – без дозвола на детето, објавија медиумите.

Според извештаите, во 2021 година, Маск го преселил седиштето на својата компанија за производство на електрични автомобили „Тесла“ од Калифорнија во Тексас, но рекол дека Калифорнија ќе остане нејзин инженерски центар, пишува Курир Бизнис.

Истата година, милијардерот го смени живеалиштето, преселувајќи се од Калифорнија во Тексас, каде што нема државен данок на доход за физички лица.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни