Свет

ВИДЕО Чеченците возвраќаат на украинскиот напад: Нападнете го Харков!

ВИДЕО Чеченците возвраќаат на украинскиот напад: Нападнете го Харков!

Чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров изјави дека руските сили го нападнале украинскиот град Харков како одмазда за нападите со беспилотни летала врз Грозни.

Украинските сили открија проектил кој се движел кон регионот на Харков. Проектилот паднал во близина на зградата, а во нападот е повредена 48-годишна жена.

Овој напад се случи како одмазда за нападите утринава врз Грозни, главниот град на Чеченија.

Кадиров тврди дека три дронови биле насочени кон Грозни. Според него, соборени се два летала, додека третиот „паднал на територијата“ на базата во која се наоѓа мобилната единица за специјални намени.

-Ќе мораме да прибегнеме кон попрецизни и поостри удари против секој обид за напад на нашите објекти. Денеска ја пренесов интелигенцијата на нашите офицери за локацијата на голем број украински фашисти. Во 12 часот руските воздушни сили извршија два ракетни напади со ракети Искандер врз објектот во Харков – рече Кадиров.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни