Американскиот претседател Џо Бајден во јануари ќе отпатува во Рим за да се сретне со папата Франциско и со италијанскиот премиер Џорџија Мелони, соопшти Белата куќа на патувањето, кое ќе се одржи непосредно пред завршувањето на мандатот на Бајден, пренесе Ројтерс.
Бајден ќе се сретне и со италијанскиот претседател Серџо Матарела за време на посетата од 9 до 12 јануари, се вели во соопштението на портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.
„Претседателот Бајден ќе има аудиенција кај Папата и тие ќе разговараат за напорите за зајакнување на мирот ширум светот“, рече таа, додавајќи дека со Мелони ќе зборува за „важните предизвици со кои се соочува светот“.
Во меѓувреме, Бајден вчера телефонски разговараше со папата Франциско .
„Претседателот му се заблагодари на папата за неговото континуирано застапување за ублажување на светските страдања, вклучувајќи ја и неговата работа за промовирање на човековите права и заштита на верските слободи“, се вели во посебна изјава.
Претседателството на Бајден завршува на 20 јануари, кога новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата.