Свет

Боинг со над 150 патници излета од пистата со полна брзина во Норвешка!

Боинг со над 150 патници излета од пистата со полна брзина во Норвешка!

Патнички авион Боинг 737-800, кој синоќа полетал од Осло кон Молде, за малку ќе слетал во морето откако со полна брзина излетал од пистата.

Во моментот на несреќата во авионот имало повеќе од 170 патници и членови на екипажот, а според првите информации нема повредени лица.

Од утрово трае истрагата за несреќата која за малку ќе беше огромна трагедија.

Авионот застанал на само 15 метри од морето.

Компанијата Norwegian во четвртокот вечерта соопшти дека временските услови биле причината поради која авионот завршил вон пистата. Според нив, меѓу другото имало и налет на ветер, а пистата била лизгава.

„Денеска ќе преземеме различни истражни дејствија што беа во тек по вчерашниот ден. Има различни луѓе кои беа вклучени во инцидентот и кои треба да се истражат“, рече Јирген Молнес, оперативен менаџер во полициската област Мире ог Ромсдал.

Norwegian е втора најголема скандинавска авиокомпанија по Scandinavian Airlines, а четврта најголема нискобуџетна во Европа зад Wizz Air, easyJet и Ryanair.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни