Свет

Фарми во Британија погодени од птичји грип, неколку дена пред Божиќ

Фарми во Британија погодени од птичји грип, неколку дена пред Божиќ

Живинарските фарми во Велика Британија беа погодени од епидемија на птичји грип неколку дена пред Божиќ, а вирусот е пронајден на 11 локации низ земјата од почетокот на ноември, објави денеска Телеграф.

Тоа е прва појава на птичји грип во Велика Британија од февруари, а досега се убиени десетици илјади заразени мисирки.

Од вкупно 11, осум заразени места се во Норфолк, вклучувајќи пет фарми за мисирки, како и фарми за патки, фарми за кокошки и една некомерцијална ему фарма.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни