Свет

Од ден на ден се откриваат центри за мачење затвореници во Сирија

Од ден на ден се откриваат центри за мачење затвореници во Сирија

Од ден на ден во Сирија се откриваат места каде што биле мачени затворениците на соборениот режим на Башар ал Асад.

Во различни згради, во кои имало и службени канцеларии, биле откриени соби во кои биле испрашувани и мачени неистомисленици на режимот.

Разузнавачкиот центар на режимот на Асад со подземни зандани за мачење, откриен во центарот на Дамаск, го сними тимот на Anadolu Agency. Во комплексот во областа Кафр Суоса беше сместено министерството и други официјални згради на поранешниот режим.

Просториите во кои беа испрашувани затворениците на режимот потсетуваат на зандани.

Во нив има лични карти на Сиријци и државјани на други земји, фотографии, записи, пластични цевки за кои се верува дека биле користени за мачење, завеса во позадина, стол напред и рефлектори на таванот.

Од двете страни на подземниот коридор има ќелии со железни врати, каде припадниците на режимот на Асад држеле затвореници. Тој дел од зградата е многу слабо осветлен.

Екипата на Анадолија ги снимила натписите на ѕидовите напишани од затворениците.

Некои од нив се обидоа да го кажат времето користејќи го сончевиот часовник нацртан на ѕидот.

Ќелиите во втората зграда не се поголеми од метар квадратен.

Сириската опозиција изјави дека војниците на режимот на Асад пред да заминат запалиле дел од архивите. Сепак, останаа стотици папки со досиеја на затворениците.

Сирија веќе 13 години е сцена на граѓанска војна. По период на релативна смиреност, на 27 ноември повторно избија судири меѓу силите на режимот на Асад и антирежимските групи во руралните области западно од Алепо.

Во молскавична офанзива на опозициските сили за десет дена беа освоени клучни градови, вклучувајќи го и главниот град Дамаск.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни