Камерите на аеродромот го снимија моментот кога патниците се качија на авионот, кој се урна веднаш по полетувањето во центарот на туристичкиот град Грамадо на југот на Бразил.
Страшна трагедија, во која животот го загубија десет лица, се случи вчера, а сега се објавени видеоснимки од патници кои среќни влегуваат во авионот, несвесни дека ова е нивниот последен лет.
View this post on Instagram
Патниците пешачеле на дел од патеката и влегле во авионот „Piper PA-42 Cheyenne“ и се сместиле. За жал, набргу откако авионот полетал од аеродромот Канела, удрил во зграда, а потоа и во куќа во центарот на Грамадо на планината Рио Гранде до Сул.
Авионот продолжил да се лизга во пламен. За жал, немаше спас за патниците и екипажот. Сите починале на лице место.
🇧🇷 | Una aeronave se desploma en el centro de la ciudad turística de Gramado, en #Brasil. pic.twitter.com/gAg1pEpGyd
— Radio Universal Guayaquil (@UniversalGye) December 22, 2024
Првите сознанија од истрагата покажуваат дека до несреќата дошло поради обилни врнежи од дожд и густа магла. Во несреќата се повредени уште најмалку 15 лица, кои биле во зградите во кои авионот удрил или на улица кога авионот паднал на земја, пренесува Телеграф.