Швајцарската сноубордерка Софи Хедигер загина во лавина во планинското одморалиште Ароза, соопшти денеска Швајцарската скијачка асоцијација, пренесува АП.
Инцидентот се случил во понеделникот во швајцарското одморалиште Ароза.
Хедигер (26) се натпреваруваше за Швајцарија на Олимписките игри во Пекинг во 2022 година во сноуборд крос и во мешана екипна верзија на таа дисциплина.
Најдобриот резултат Хедигер на Светското првенство го постигна во јануари годинава, кога го освои второто место во Сент Мориц.