Украинските одбранбени сили уништија колона руски оклопни возила при обид за напад на фронтот кај селото Вримивка, пренесува Украинска правда врз основа на објава на оперативно-стратешката група Хортиција на апликацијата Телеграм.
„Пред неколку дена окупаторите ги нападнаа позициите на нашите бранители кај Нови Комар со колони оклопни возила, три тенкови и борбено возило со пешадија. Ваквите дрски механизирани напади на окупаторите беа чести на подрачјето на одговорност на војниците на оваа бригада, па нашите бранители имаа време да развијат контрамерки“, се вели во објавата.
Украинската војска извести дека украинските борбени беспилотни летала брзо реагирале на руските сили и уништиле оклопни возила и убиле војници.
Непријателот се обидел да се пробие до селото Нови Комар, северно од населбата Велика Новосилка, но војниците ги задржале позициите и го спречиле непријателскиот напад“, заклучуваат од оперативно-стратешката група Хортиција.