Свет

ВИДЕО Објавени први снимки од падот на авионот во Казахстан, спасувачите ги извлекуваат патниците

ВИДЕО Објавени први снимки од падот на авионот во Казахстан, спасувачите ги извлекуваат патниците

Патнички авион на Азербејџан ерлајнс се урна денеска во близина на градот Актау во Казахстан.

Според официјалните информации, во авионот имало десетици патници и членови на екипажот, но во моментот има одредени сомнежи за точната бројка, а според засега непотврдени информации несреќата ја преживеале неколку лица.

На социјалните мрежи се појави видео од падот на авионот, на кое се гледа како се запалил при ударот.

Министерството за вонредни ситуации на Казахстан потврди дека шест патници ја преживеале несреќата и биле пренесени во болница.

Набргу по несреќата, спасувачките екипи пристигнале на местото на несреќата, на околу 3 километри од аеродромот во Актау, каде ги пронашле остатоците од авионот во пламен.

Пожарот беше брзо локализиран, а потрагата по преживеани продолжи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни