Свет

Бајден потпиша 50 закони: Белоглавиот орел стана официјална птица на САД

Бајден потпиша 50 закони: Белоглавиот орел стана официјална птица на САД

Американскиот претседател Џозеф Бајден потпиша 50 нацрт-закони, вклучително и за прогласување на белоглавиот орел за официјална птица на земјата и закон со кој на членовите на Конгресот им се забранува да примаат пензии доколку бидат осудени за злосторства.

Бајден го воспостави првиот федерален стандард за борба против насилството во колеџските кампуси.

Потпиша и закон за зголемување на одговорноста на центрите и институциите за лекување и грижа на млади луѓе, кој го поддржа ријалити ѕвездата Парис Хилтон, пренесува Ројтерс.

На почетокот на овој месец, Бајден стави вето на нацрт-законот за додавање на 66 нови судии во федералните судови поради недоволно персонал, ги замени казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор без помилување и издаде целосно и безусловно помилување за неговиот син.

Ова се некои од последните одлуки што ги носи како претседател на САД, пред да биде заменет на таа позиција на 20 јануари од новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни