Свет

Во Австралија е издадено предупредување за пожар поради топлотен бран

Во Австралија е издадено предупредување за пожар поради топлотен бран

Властите во втората најнаселена држава во Австралија – Викторија, денеска издадоа предупредување до жителите, особено во селата, за раширени пожари како последица на топлотниот бран, јави Асошиејтед прес.

Со температурите до 37 степени Целзиусови и силните ветрови кои се очекуваат во текот на денот, државната противпожарна служба повика на откажување на патувањата, наредби за престој дома и сместување на место бидејќи времето се влошува.

Неколку пожари избувнаа во државата во моментот и не може да се локализираат, објаснува АП, повикувајќи се на регионалниот заменик-премиер на Викторија Бен Керол.

„Пожарите се очекува да продолжат до сабота“, рече тој на прес-конференција во Мелбурн. „Новите пожари можат да започнат секаде и да станат опасни многу брзо“, додаде тој.

Најголемиот неконтролиран пожар беснее во националниот парк Грампианс и досега зафатил 55.000 хектари, соопштија властите во Викторија, додавајќи дека барем досега нема зафатени домови.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни