Мистеријата околу соборувањето на азербејџанскиот патнички авион на пат кон главниот град на Чеченија се разоткрива, а има се повеќе докази дека бил соборен од чеченските противвоздушни сили.
Да потсетиме, патничкиот авион на „Азербејџан ерлајнс“ падна во близина на аеродромот во Казахстан.
Авионот „Ембраер 190“ полетал од Баку, главниот град на Азербејџан и се упатил кон Грозни во Чеченија.
Некаде над Каспиското Море, пилотот пријавил во контролата на летање дека GPS сигналот е изгубен и дека има проблеми со леталото.
DEVELOPING: Plane which crashed in Kazakhstan suffered external damage, according to experts.
The pilots sent a distress call around the time Russian air defense was responding to a Ukrainian drone attack.
Kazakh deputy PM, asked whether the plane was shot down: "I dare not… pic.twitter.com/ZnJyJSmZES
— BNO News (@BNONews) December 25, 2024
Авионот се урнал во градот Актау во Казахстан, каде пилотот се обидел принудно да слета. Првите информации укажуваа дека летот е пренасочен кон Казахстан поради густата магла на аеродромот во Грозни, но и дека постојат сомнежи дека авионот удрил во јато птици, што наводно довело до трагедијата.
Меѓутоа, кога се погледна снимката од она што остана од авионот, се почна да укажува дека леталото всушност е соборено со проектил, поради кратерите на трупот, како и штетата предизвикана од шрапнелите.
Исто така, преживеаните патници, од кои 38, изјавиле дека прво се слушнала експлозија, а авионот дури потоа почнал да паѓа.
This video shows what happened in the minutes before the plane crash in Kazakhstan. The plane repeatedly went up and down before crashing. pic.twitter.com/dQ0H1c9R0R
— BNO News Live (@BNODesk) December 25, 2024
Авионот се приближил до Чеченија за време на воздушната тревога
Во моментот кога авионот се приближуваше до Грозни, во регионот беше издадено предупредување за воздушен напад поради камикази беспилотни летала, поради што беше ангажирана руската воздушна одбрана.
Сега се сомнева дека млазот „Ембраер“ по грешка бил идентификуван како украински беспилотно летало, поради што ракета земја-воздух од противвоздушниот систем Панцир-С1 била истрелана од регионот Наурски во Чеченија.
Најверојатно силите на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров испукале проектил од системот Панцир С1, кој го погодил авионот.
Комуникацијата меѓу пилотите и контролата на летање ја покажува драмата што се одвива на небото над Казахстан.
Пилотот во 08:16 часот пријавил дека има проблеми со контролата на леталото и дека се сомнева во удар на птица. Најпрво се упати кон аеродром во Русија, но набрзо издаде предупредување: „Не можам да издржам, имам висок притисок во кабината. Мојот авион ја губи контролата“.
Откако контролата на летање соопшти дека не може добро да го слушне екипажот, авионот исчезна од радарот 37 минути, за повторно да се појави кога се обиде да слета во Казахстан.
На руските Телеграмски канали се наведува дека во близина на авионот експлодирала ракета истрелана од системи за противвоздушна одбрана, бидејќи системот Панцир соборувал се на небото над Чеченија.