Свет

„ПРВ СЛУЧАЈ“ Кремљ: Норвешки брод одби да ги спаси руските морнари

„ПРВ СЛУЧАЈ“ Кремљ: Норвешки брод одби да ги спаси руските морнари

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека случајот со норвешкиот брод, кој одби да ги спаси руските морнари, е срамен и заслужува осуда.

Тој го коментираше соопштението на групата компании „Оборонлогистика“ во кое се наведува дека бродот „Осло Кариер 3“ под норвешко знаме од непозната причина одбил да ги спаси руските морнари од бродот „Урса мајор“ кои тонеле во Средоземното Море.

– Ако не им се пружила помош на оние кои се нашле во неволја на море, тоа е спротивно на сите поморски закони. Тоа е недозволив случај кој заслужува целосна осуда – рече Песков.

„Оборонлогистика“ тој чин го нарече најгрубо прекршување на десеттиот член од Меѓународната конвенција за спасување од 1989 година.

Во врска со ова, заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, на својот канал Телеграм напиша дека ова никогаш не треба да и се прости на Европа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни