Кинеската влада одобри изградба на најголемата хидроцентрала во светот во долниот тек на реката Јарлунг Зангбо.
Проектот ќе игра позитивна улога во забрзувањето на напорите на земјата да создаде нов модел на развој и да продолжи со висококвалитетен развој, се вели во официјалното соопштение, пренесува Синхуа.
Со искористување на богатите хидроенергетски ресурси на реката Јарлунг Зангбо, проектот исто така ќе го поттикне развојот на соларната и ветерната енергија во околните области, со што ќе се создаде база за чиста енергија која содржи комплементарна мешавина од ветер, хидро и соларна енергија, додаде кинеската владата.