Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека за време на телефонскиот разговор во ноември „јасно му кажал“ на рускиот претседател Владимир Путин дека војната во Украина мора да заврши, наведувајќи дека повторно ќе разговара со Путин.
Во интервју за германски Т-онлајн, на прашањето што конкретно му рекол на Путин за време на разговорот, Шолц одговорил дека „јасно му ставил до знаење на рускиот претседател дека не може да се надева“ дека германската поддршка за Украина ќе ослабне.
„Само германската воена помош изнесува 28 милијарди евра. По САД, ние сме најсилниот поддржувач на Украина во светот. Ми беше важно Путин да го слушна мојот став за неговата војна“, рече Шолц.