Некои градови донесоа одлуки, а некои размислуваат да го забранат пушењето на јавни места. Некои земји, пак, решија да се „израмнат“ со пушачите со целосно забрана на еден вид цигари. Белгиските власти ќе ја забранат продажбата на електронски цигари за еднократна употреба од 1 јануари 2025 година поради нивното негативно влијание врз здравјето на луѓето и животната средина, јавува Anadolu.
Белгискиот министер за здравство Франк Ванденбрук изјави дека евтините електронски цигари станале „закана за здравјето“ бидејќи се лесен начин да се поттикнат младите да пушат и да станат зависни од никотин, пишува магазинот „Феникс“. Никотинот е лош по здравјето, тоа е факт“, рече Ванденбрук.
Дополнително, тој истакна дека пластиката и батериите кои се наоѓаат во тој вид цигари се штетни и за животната средина бидејќи создаваат опасни отпадни хемикалии. Така, Белгија ќе стане првата земја меѓу членките на Европската унија (ЕУ) што ќе ја забрани продажбата на електронски цигари за еднократна употреба, познати и како „вајп“.