Балкан

Стигна пресудата за родителите на момчето убиец од Белград, таткото доби максимална казна!

Стигна пресудата за родителите на момчето убиец од Белград, таткото доби максимална казна!

Вишиот суд во Белград во понеделникот ја објави пресудата на В. и М.К., родителите на малолетниот убиец од основното училиште „Владислав Рибникар“, кој на 3 мај минатата година со истрели од пиштолот на неговиот татко уби девет ученици и еден чувар, а повреди неколку од нив.

Родителите на момчето убиец на денешното судење беа прогласени за виновни.

Таткото е осуден за кривично дело предизвикување јавна опасност бидејќи неправилно складирал оружје и муниција и на тој начин му овозможил на синот да изврши масовно убиство, како и запуштање и злоупотреба на малолетно лице. Тој е осуден на 14,5 години затвор.

Мајката е осудена за недозволено држење, носење и пуштање во промет на оружје и распрскувачки материи, бидејќи на чаурата од куршуми пронајдена во кабинетот и била пронајдена ДНК, како и за кривично дело запуштање и малтретирање малолетно лице. Мајката е осудена на три години затвор.

Инструкторот на стрелиште е осуден на 15 месеци затвор за давање лажно сведочење, пишува Нова.рс.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни