Свет

Пет лица се обвинети за смртта на пејачот Лиам Пејн

Пет лица се обвинети за смртта на пејачот Лиам Пејн

Пет лица се обвинети во врска со смртта на пејачот Лијам Пејн во Аргентина, јавија ДПА и Би-Би-Си, повикувајќи се на властите во земјата.

Пејн, кој се прослави како член на машкиот бенд One Direction, почина на 31-годишна возраст на 16 октомври откако падна од балкон на третиот кат во хотел во Буенос Аирес.

Менаџерката на хотелот Гилда Мартин и рецепционерот Естебан Граси, како и пријателот на Пејн, Роџер Норес, се обвинети за убиство од небрежност, соопшти аргентинското обвинителство.

Езекиел Переира, кој исто така работел во хотелот, и келнерот Брајан Паис се обвинети за испорака на дрога.

Во врска со случајот претходно беше пријавено дека се обвинети три лица, без да бидат именувани.

Според правниот систем на Аргентина, обвинителите собираат докази, кои потоа му ги презентираат на судијата, кој треба да одлучи дали ќе оди на судење.

Според соопштението објавено од обвинителството, судијката Лаура Брунјард веќе одлучила да продолжи во следната фаза.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни