Балкан

Хорор во Загреб! Полицијата ја пребарува Сава, подигнати се и термо-дронови поради страшен инцидент

Хорор во Загреб! Полицијата ја пребарува Сава, подигнати се и термо-дронови поради страшен инцидент

Загрепската полиција денеска околу 16 часот добила дојава дека се случил инцидент за кој засега нема многу информации, поради што голем број полицајци се на терен во близина на реката Сава, пренесува „24сата.хр“.

Повикани биле и пожарникари, цивилна заштита и ХГСС, а како што дознава „Јутарњи лист“, полицијата наводно добила дојава за наводниот инцидент со смртоносен исход на мајка и дете.

На неколку локации покрај реката Сава се испратени неколку екипи на итната помош. На терен поради ниските температури има и екипи со чамци и дронови со термичка слика.

Не се знае што точно се случува освен неофицијални информации од хрватските медиуми. Полицијата не сакаше да коментира додека не се утврдат сите факти.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни