Свет

ВИДЕО Гром удри во авион: Патник снимил застрашувачки момент на камера!

ВИДЕО Гром удри во авион: Патник снимил застрашувачки момент на камера!

Патникот го снимал невремето, не сфаќајќи дека ќе го сними моментот кога гром удира во опашката на авионот кој бил паркиран пред него.

Патничкиот авион БА А350-1041 кој се наоѓал на пистата на меѓународниот аеродром Сао Паоло Гуаруљос бил погоден од гром. Тој момент го снимил еден од патниците кој го чекал летот. Како што подоцна рекол, гледал низ прозорецот и сакал да ја сними бурата што се развивала пред него, а токму во тој момент гром удрил пред објективот на неговата камера, ни помалку ни повеќе туку во паркиран авион. Молња ненадејно удри од мрачното небо директно во опашката на авионот.

Надлежните тогаш објавија дека авионот прво бил проверен, пред да продолжи со летот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни