Свет

Хорор во Австрија: Сириец уби 14-годишно момче со нож!

Хорор во Австрија: Сириец уби 14-годишно момче со нож!

Сириски државјанин денеска со нож избоде едно лице, а рани четири во австрискиот град Филах, објави Билд.

Се наведува дека 14-годишно дете е убиено кога маж со нож нападнал случајни минувачи, по што бил уапсен.

Билд пишува дека Сириецот (23) имал дозвола за престој во Австрија.

„Тоа беше како хорор-филм. Сè се случило брзо, се вели дека едно лице излетало од автомобилот, а потоа неколку лица побегнале. Нашиот вработен го заклучи ресторанот и ги задржа гостите внатре“, изјави за германските медиуми очевидец, сопственик на ресторан.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни