Свет

Трагедија во Кина: Шест загинати и двајца повредени во сообраќајна несреќа

Трагедија во Кина: Шест загинати и двајца повредени во сообраќајна несреќа

Шест лица загинаа, а две се повредени во сообраќајна несреќа што се случи денеска во округот Тенгсианг во автономниот регион Гуангкси Џуанг во јужна Кина, соопштија локалните власти.

Несреќата се случила околу 5 часот наутро на државниот автопат кога комбето се судрило со полуприколка.

„Четири лица починаа на лице место, а две подоцна им подлегнаа на повредите, и покрај напорите на итната медицинска помош“, соопшти Бирото за јавна безбедност на Тенгсиан, пренесе Синхуа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни