Македонија

Не ми треба мене веќе живот, едно дете имав: Потресна изјава на татко на загинато дете

Не ми треба мене веќе живот, едно дете имав: Потресна изјава на татко на загинато дете

Во дискотеката „Пулс“ каде што избувна ноќеска пожар имало деца од 14 до 20 години.

Имало деца од Скопје, Штип, Пробиштип и Кочани.

-Над 70 лица биле донесени во кочанската болница, а дел од нив веќе беа починати, а дел во моментот починуваа. Некои беа со лични карти, некои не. Има деца од Скопје, Штип, Пробиштип и Кочани, рече директорката на кочанската болница, Кристина Серафимова.

За тоа колкава е трагедијата од пожарот во изјава за медиуми даде изјава татко на едно од загинатите деца.

-Над 150 фамилии ќе страдат. Не ми треба мене веќе живот, што ќе ми е живот. Едно дете имав. Кај три часот ноќеска дознав за пожарот. Цела ноќ сум таму, не можат да ги препознаат децата беа изгорени, рече родителот на детето.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни