Балкан

За три дена над 200 луѓе даруваа крв во Варна за повредените Македонци

За три дена над 200 луѓе даруваа крв во Варна за повредените Македонци

Сочувство за настраданите во Кочани и сместените во ВМА-Варна. За само три дена, над 200 луѓе даруваа крв во центарот за крв. Каква е состојбата на тројцата хоспитализирани во Варна и дали има доволно крв за нивно лекување?

Откако Министерството за здравство соопшти дека има доволно крв, ситуацијата била многу помирна. Не беше така претходните денови.

Директорката на центарот за крв д-р Кирјакова изјави дека тројцата хоспитализирани пациенти се уште се во тешка, но стабилна состојба. 17-годишната девојка е во подобра состојба. Таа досега не морала да прима крв. На двете момчиња им биле обезбедени крвни компоненти.

Претходните денови се бараа дарители со крвна група А-, а веќе ги има доволно.

Д-р Кирјакова прецизираше дека сите луѓе кои дарувале крв можат да го сторат тоа повторно по 60 дена. Лекувањето на овие млади ќе трае 2-3 месеци, така што ќе ни треба“, рече таа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни