Свет

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: За време на натпревар почина хокејаш, камерите ја снимија трагедијата

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: За време на натпревар почина хокејаш, камерите ја снимија трагедијата

Како што пренесуваат руските медиуми, Владимир Ањањев, заменик шеф на администрацијата на Архангелската област, почина за време на играње хокеј.

Трагичниот момент беше забележан во живо на телевизија од страна на регионалната Хокејска федерација. Инцидентот се случи кога 66-годишниот Ањањев играше хокејски натпревар во Спортската палата како дел од тимот на Регионалната влада против екипата Т-54 (Хокејската федерација на Архангелската област).

Во 19-тата минута од натпреварот, на Ањањев му се слоши и падна на мразот. Иако веднаш беше пренесен во болница, не можеше да биде спасен.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни