Македонија

Пријава за пожар во автобус кај Велес

Пријава за пожар во автобус кај Велес

Преку бројот за итни повици 112 е добиена пријава за запален автобус во велешката населба Превалец, кај капијата позната како „Ќиро Ќучук“.

Според првичните информации, во моментот на пожарот во возилото немало патници, а огнот зафатил само дел од задниот дел на автобусот.

Екипите на Територијалната противпожарна единица интервенирале на терен и го локализирале пожарот. Причините за избувнувањето на огнот се сè уште неутврдени.

Полицијата и надлежните служби спроведуваат увид на местото на настанот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни