Свет

Нов земјотрес го погоди Мјанмар

Нов земјотрес го погоди Мјанмар

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот брег на Мјанмар, покажуваат податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт.

Земјотресот се случил на оддалеченост од околу 142 километри од градот Јангон, а епицентарот на земјотресот бил на длабочина од десет километри.

Минатиот петок земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар, а како последица на земјотресот загинаа повеќе од 2.700 луѓе, а повеќе од 4.520 од нив беа повредени, а повеќе од 400 се водат како исчезнати, соопшти владејачката воена хунта во таа земја.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни