Свет

Телото на Франциск е преместено во базиликата Свети Петар

Телото на Франциск е преместено во базиликата Свети Петар

Од Домот Света Марта во средата наутро тргнала процесија со телото на папата Франциск, кое ќе биде пренесено во базиликата Свети Петар за верниците да имаат можност да се простат од покојниот поглавар на Католичката црква.

Се очекува десетици илјади луѓе да му оддадат последна почит во базиликата Свети Петар пред погребот, на кој се предвидува присуство на светски лидери.

Досега од покојниот Папа можеа да се простат само кардиналите, членовите на Курјата и вработените во Ватикан во Домот Света Марта.

Франциск имаше 88 години и долго време беше болен, а на крајот почина од мозочен удар и срцева слабост на Велигденскиот понеделник.

За разлика од поголемиот дел од папите, последното почивалиште на Франциск нема да биде во базиликата Свети Петар, бидејќи побарал да биде погребан во многу помалата базилика Света Марија Велика, за која бил особено емотивно врзан.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни