Свет

Напад со нож во француско училиште: Едно лице загина, а едно е во критична состојба

Напад со нож во француско училиште: Едно лице загина, а едно е во критична состојба

Еден загинат и еден тешко повреден е билансот од насилен напад во француско училиште, каде ученик избоде четворица соученици.

Ученик избодел други лица во средното училиште „Notre-Dame-de-Toutes-Aides“  во областа Дулон во Нант.

Според првите информации, напаѓачот е ученик во второто средно училиште, а во нападот загинале и повредени ученици.

Ученикот упаднал во две училници и почнал да им нанесува убодни рани на децата. Наставниците го совладале пред да дојде полицијата.

Напаѓачот е 15-годишно момче, средношколец втора година, кој досега не бил познат ниту на полицијата, ниту на судството, ниту на разузнавачките служби.

Околу пладне се качил на вториот кат од училиштето и го избодел првиот ученик, а потоа се симнал долу и избодел уште најмалку тројца тинејџери.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни