Свет

Кои се светски лидери ќе присуствуваат на погребот?

Кои се светски лидери ќе присуствуваат на погребот?

Многу шефови на држави и членови на кралските семејства го потврдија своето присуство на денешниот погреб, вклучувајќи го принцот Вилијам, американскиот претседател Доналд Трамп, францускиот Емануел Макрон, шпанскиот крал Фелипе VI и кралицата Летиција.

Поранешниот американски претседател Џо Бајден и поранешната прва дама Џил Бајден, британскиот премиер Кир Стармер, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, аргентинскиот претседател Хавиер Миреј…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Рим кратко по 7:30 часот. Тој дојде на погребот на Папата со сопругата Олена Зеленски.

Меѓу нив е и македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова.

Поврзана објаваВО ЖИВО Погреб на папата Франциско, илјадници луѓе на плоштадот „Свети Петар“

Ватикан објави дека погребот на папата Франциск ќе се одржи претежно на отворено, на плоштадот „Свети Петар“.

Погребите на претходните папи исто така се одржаа на отворено, а илјадници верници го исполнија плоштадот пред базиликата.

Литургијата на погребот на папата Франциск ќе ја води кардиналот Џовани Батиста Ре, декан на Колеџот на кардинали – телото кое ќе биде задолжено да избере нов папа во наредните недели.

Иако главниот дел од службата ќе се одржи на отворено, ковчегот на папата Франциск ќе биде вратен во базиликата по Евхаристијата, последното збогување и погребната служба.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни