Македонија

Приведени двајца малолетници по физичка пресметка – едниот од нив нападнал и полицаец

Приведени двајца малолетници по физичка пресметка – едниот од нив нападнал и полицаец

На 26.04.2025 околу 22.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници на возраст од 14 и 15 години од Скопје затоа што го нарушиле јавниот ред и мир и претходно учествувале во физички пресметка помеѓу повеќе малолетници.

При приведувањето, 15-годишникот нападнал и полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни