Свет

Рубио: Мировниот договор меѓу Русија и Украина треба да се случи наскоро

Рубио: Мировниот договор меѓу Русија и Украина треба да се случи наскоро

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека е неопходно наскоро да се случи мировен договор меѓу Русија и Украина и дека Вашингтон се обидува да утврди дали вреди да продолжи да биде посредник во преговорите.

„Не можеме да продолжиме да посветуваме време и ресурси на овој напор ако тоа не се случи“, изјави Рубио за НБЦ.

Рубио не кажа колку долго администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е подготвена да ги чека резултатите од преговорите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни