Свет

Португалија: Целосно обновено снабдување со електрична енергија

Португалија: Целосно обновено снабдување со електрична енергија

Португалскиот оператор за дистрибуција на електрична енергија Е-Редес денеска соопшти дека снабдувањето со електрична енергија е целосно нормализирано. Компанијата објави дека мрежата е 100 отсто обновена, пренесува агенцијата Луса.

Агенцијата јавува дека сообраќајот на градската железница се одвива нормално од 07:00 часот по локално време, додека Министерството за образование соопшти дека училиштата и факултетите ќе работат нормално.

Во голем дел од Португалија и Шпанија, како и делови од Франција, во понеделник наутро имаше прекин на електричната енергија, што предизвика големи проблеми и во сообраќајот и во секојдневниот живот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни