За време на маршот организиран за настраданите во трагедијата во Кочани, дел од роднините на жртвите ја искористија можноста да влезат во Обвинителството и да се состанат со јавниот обвинител Љупчо Коцевски.
Состанокот се одржува со цел роднините да добијат информации за текот на истрагата и да се изрази нивното засиленото барање за праведна и брза одговорност за трагичниот инцидент.
Маршот започна пред Oбвинителството во 12, а ќе продолжи кон плоштадот „Македонија“ и ќе заврши пред Собранието.