Свет

ИМА ЖРТВИ Пукање во Шведска, полицијата го бара напаѓачот кој избегал со мотор: „Се слушна истрел, потоа вресок“

ИМА ЖРТВИ Пукање во Шведска, полицијата го бара напаѓачот кој избегал со мотор: „Се слушна истрел, потоа вресок“

Полицијата соопшти дека примила повеќе повици од граѓани кои пријавиле истрели во близина на плоштадот Ваксала во центарот на градот. Полицијата трага по маж кој избегал со електричен тротинет.

Шведскиот весник „Афтонбладет“ објави дека најмалку три лица се убиени.

Пукањето се случило во пресрет на прославата на Валпургиската ноќ, традиционален пролетен фестивал кој привлекува голем број луѓе на улиците секоја година. Според полицијата, неколку лица биле пронајдени со повреди што укажуваат на прострелни рани.

Сведок кој живее во близина изјави за „Афтонбладет“ дека пукањето се случило околу 17:10 часот.

  • Се слушна истрел, а потоа слушнав вресоци – рече сведокот и додаде:
  • Поминаа околу десет минути пред да пристигне полицијата.

Сведок кој бил на пат кон продавницата го видел сторителот на електричен тротинет кратко пред пукањето.

  • Го видов како сврти на аголот и потоа почна пукањето.

Полицијата опколи голема површина во близина на плоштадот Ваксала откако неколку луѓе пријавија дека слушнале истрели во областа.

Шведскиот јавен сервис објави дека еден од очевидците рекол дека слушнал пет истрели и видел луѓе како трчаат во различни насоки.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни