Македонија

„ВРЕДИ“ официјално ќе делува како еден политички субјект

Коалицијата „ВРЕДИ“ објави дека воведува мораториум на сите јавни политички активности на партиите што ја сочинуваат и најави дека од сега ќе функционира како единствен политички субјект.

Претседателството кое вечерва ја одржа првата средба, е првиот заеднички орган на Вреди.

Како што изјави лидерот на движењето Беса, Биљал Касами, на следните средби на ВРЕДИ ќе бидат конституирани и другите органи на раководството.

Тој напомена и дека парламентарната група на ВРЕДИ ќе продолжи со пратениците што ќе ја поддржат.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни