Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс вчера за „Фокс њуз“ изјави дека војната во Украина нема да заврши „наскоро“.
„Сега кога секоја страна ги знае мировните услови на другата страна, на Русите и Украинците е да постигнат договор и да го запрат овој брутален, брутален конфликт“, рече Венс во интервју за „Специјалниот извештај со Брет Бајер“ на Фокс њуз.
„Ова нема да води никаде, Брет. Ова нема да заврши наскоро“, додаде Венс.
BREAKING: JD Vance says the Russia / Ukraine war isn't going to end anytime soon.
— Ed Krassenstein (@EdKrassen) May 1, 2025
It's been 24 hours X 101 already! Now they don't think it will end anytime soon? pic.twitter.com/U1z092QSS9
„Секако дека Украинците се лути поради инвазијата, но дали ќе продолжат да губат илјадници и илјадници луѓе за неколку километри територија во еден или друг правец?“ рече Ванс.
Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера за истата телевизија изјави дека „наскоро треба да има вистински пробив во врска со војната во Украина или претседателот на САД Доналд Трамп ќе мора да одлучи колку повеќе време ќе посвети на ова прашање“.
„Мислам дека знаеме каде е Украина и знаеме каде е Русија во моментов… Тие се поблиску, но сепак се далеку“, рече Рубио во интервју за Ханити на „Фокс њуз“.
За време на неговата изборна кампања, Доналд Трамп постојано тврдеше дека може да ја заврши војната во Украина за 24 часа.
Да потсетиме, за време на септемвриската дебата со тогашната потпретседателка Камала Харис, тој рече:
„Тоа е војна што чека да се реши. Ќе ја решам пред да станам претседател.“