Македонија

На „Богородица“ одземени над 500 кутии со гел и таблети за потенција

На „Богородица“ одземени над 500 кутии со гел и таблети за потенција

На граничниот премин Богородица биле одземени марихуана, сребно, цигари но и гелови и таблети за потенција.

Ваква информација објави директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

Тој вели дека им честита на службениците кои здружено и тимски испорачуваат резултати за почит.

Па така, од почетокот на годината на овој граничен премин се запленети:

  • 188,6 килограми наркотична дрога марихуана
  • Две поголеми заплени на вкупно 21,4 килограми сребро
  • 430 штеки цигари само за годинава
  • 550 кутии гел за потенција и 1300 таблети за потенција

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни