Македонија

„Десет нови дестинации, повеќе туристи и бизниси“ – Николоски по пристигнувањето на првите летови од Барселона и Лион

„Десет нови дестинации, повеќе туристи и бизниси“ – Николоски по пристигнувањето на првите летови од Барселона и Лион

Утрово на скопскиот аеродром слетаа првите авиони од Барселона и Лион, со што официјално стартуваа новите директни авиолинии што се дел од владината политика за финансиска поддршка на нови дестинации и авиопревозници.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, преку видео порака објавена на својот Фејсбук профил, истакна дека со овие летови се отвораат нови перспективи за туризмот и економијата.

„Ова значи многу за зголемување на туризмот и подобрување на економијата. Преку новите летови придонесуваме да се зголеми бројот на патници на скопскиот и охридскиот аеродром. Само за неколку месеци имаме 10 нови дестинации. Ќе има уште многу нови летови, повеќе туристи, повеќе бизнис-размени и нови можности за граѓаните“, порача Николоски.

Летовите се дел од програмата за субвенционирање на нови авиолинии, што, според ресорниот министер, веќе ги дава првите резултати.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни