На иницијатива на родителите денеска во Кочани се одржан велосипедска трка, насловена „По патеките на оризот“ во спомен на трагично загинатите. На денешниот настан учествуваа околку 300 учесници, меѓу нив и професионални спортисти.
„Дали треба да ни се случат трагедии за да си подадеме рака и да се сплотиме. Да си бидеме поддршка и да сме сите заедно. Заедно сме и даваме поддршка на сите повредени, посакувајќи побрзо оздравување. Овде сме, не се откажуваме ќе се бориме, не се предаваме“, изјави Жаклина Пауновска Анѓеловиќ.