Свет

Владата на САД ќе им плаќа на илегалните мигранти да ја напуштат земјата

Владата на САД ќе им плаќа на илегалните мигранти да ја напуштат земјата

Американското Министерство за домашна безбедност денеска соопшти дека финансиски ќе ги помага и награди илегалните мигранти кои ќе ги напуштат САД и ќе се вратат во својата земја.

Покрај финансиската и патната помош за самодепортирање од САД, за која портпаролот на министерството потврди дека вклучува бесплатен билет во еден правец, дополнителни 1.000 долари ќе им бидат исплатени и на лицата кои ќе потврдат дека се вратиле во нивната матична земја, објави Ројтерс.

Министерството наведува дека најмалку еден илегален имигрант веќе ја искористил оваа понуда и се вратил во Хондурас, додавајќи дека се резервирани уште неколку авионски билети за оваа и следната недела.

По победата на претседателските избори, Доналд Трамп вети дека ќе депортира милиони илегални имигранти од САД, потсетува Ројтерс.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни