Загрижени жители на општина Аеродром преку објави на социјалната мрежа Фејсбук реагираат за недостиг на основно одржување на јавните површини.
На фотографиите што ги споделуваат се гледа висока и неуредна трева во паркот каде што, според нив, треба да си играат деца, како и на Булевар АСНОМ, пред една од станбените згради.
Граѓаните бараат од Општина Аеродром итно ангажирање на надлежните служби и косење на тревата, посочувајќи дека несредените површини не само што ја нарушуваат естетиката на населбата, туку претставуваат и здравствен ризик, особено за најмладите.
Од општината засега нема официјален одговор на ваквите реакции.