Свет

ВИДЕО Експлозии одекнуваат во пакистански Кашмир, прекин на струјата во Музафарабад!

ВИДЕО Експлозии одекнуваат во пакистански Кашмир, прекин на струјата во Музафарабад!

Експлозии одекнуваа вечерва во Кашмир, кој е под пакистанска администрација. Експлозиите се случија во близина на градот Музафарабад, додека Индија потврдува дека започнала воени напади.

Ројтерс известува за повеќекратни моќни детонации на неколку локации во Пакистан и пакистанскиот дел од Кашмир.

Сведоците пријавија прекин на електричната енергија во Музафарабад, што дополнително ги заостри тензиите откако Индија објави дека целела „терористичка инфраструктура“ како дел од операцијата Синдор.

Ситуацијата на терен е сè уште исклучително напната, а нови информации пристигнуваат од минута во минута.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни