Во знак на поддршка за семејствата на жртвите од трагичната несреќа во Кочани, денеска околу петстотини охридски средношколци и граѓани се вклучија во хуманитарната трка „Од срце трчај со срце дарувај за Кочани“, одржана покрај Кејот на Охридското Езеро.
Настанот, организиран од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ во соработка со ЈП „Билјанини извори“, имаше за цел преку спорт и солидарност да се соберат средства за настраданите семејства.
Долж трасата каде што се трчаше беа поставени кутии за донации, а организаторите ги повикаа сите хумани граѓани да се приклучат и со свој придонес да покажат сочувство и поддршка во тешките моменти.