Македонија

Димитровски за Филипче: Самопрогласениот лидер да види да не му се распадне зградата на „Бихачка“ затоа што e празна!

Димитровски за Филипче: Самопрогласениот лидер да види да не му се распадне зградата на „Бихачка“ затоа што e празна!

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски денеска на прес конференција, во однос на изјавата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче дека коалицијата е во распаѓање, истакна дека владината коалиција никогаш не била постабилна.

Како што вели, самопрогласениот лидер треба да се занимава со себеси.

„Владината коалиција никогаш не била постабилна од овој момент и мислам дека самопрогласениот лидер на опозицијата треба да се занимава самиот со себеси и да види да не му се распадне и зградата на „Бихачка“ бидејќи самата и истата е празна, нема луѓе во неа за жал“, вели Димитриевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни