Папата Лав XIV денеска во своето прво обраќање до верниците на плоштадот Свети Петар во Ватикан ги повика водечките светски сили да престанат да водат војни.
Новоизбраниот папа апелираше и за вистински и траен мир во Украина, како и за прекин на огнот во Газа и ослободување на сите израелски заложници, објави Ројтерс.
Лав XIV, исто така, го поздрави најновиот прекин на огнот постигнат меѓу Индија и Пакистан и додаде дека се молел на Бога да му даде на светот „чудо на мирот“.
Папата Лав XIV ги повика водечките светски сили да ги прекинат сите војни