Македонија

Претрес во демирхисарско, пронајдено оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

Претрес во демирхисарско, пронајдено оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

Денеска (14.05.2025), полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Демир Хисар го лишиле од слобода М.С.(62) од с.Обедник, демирхисарско .

Врз основа на наредба од Основен суд Битола извршен бил претрес во домот и помошните простории кои ги користи М.С. во с.Обедник, при што биле пронајдени и одземени четири пушки, еден пиштол  и 158 куршуми  различен калибар.

По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

ФОТО: Илустрација

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни